Search
Close this search box.

Дечињата од градинките од Кисела Вода бојадисуваа Велигденски јајца

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дечињата од градинките во општина Кисела Вода, изработија вапсани и украсени јајца и велигденски декорации.

Низ дводневна работилница, децата од ЈДГ “Весели цветови”, од своите учителки учеа на кој начин се бојадисуваат јајцата кои се симбол на овој христијански празник и како да изработат велигденски корпи. Изработија и други декорации со кои градинката доби вистински празничен лик.

Својата креативност преку бојадисување и украсување на велигденските јајца ја изразија и децата од ЈДГ “8 Март”. Низ игра, тие на својата замисла за најубаво велигденско велигденско јајце и дадоа конкретен лик, додека од своите учителки ја дознаа и симболиката на црвеното јајце за Велигден, за обичаите и празнувањето на овој ден од страна на Христијаните ширум светот.

Споделете:

Scroll to Top