Дечињата од градинката “Синоличка”, која е во состав на ЈДГ “Весели цветови” – општина Кисела Вода, го оддбележаа денот на пролетта и екологијата.
По мотото “Цвеќе за мојата градинка”, тие утринава, заедно со своите воспитувачки, родители и останатиот персонал, во дворот на градинката реализираа акција за садење на цвеќиња.
Со музика и ведро расположение, дечињата ги садеа садниците кои беа обебедени од установата, а дел беа донирани од нивните родители. Ова е веќе традиционална акција која градинката “Синоличка” ја спроведува со цел – низ забава и игра да ги едуцира најмладите за грижа и одговорно однесување кон животната средина, воедно поттикнувајќи го нивното чувство за естетика и разубавување на просторот во кој се одвива нивното секојдневие.