Search
Close this search box.

Евро–гол на Димовски во финиш на средбата

Со голот на Никола Димовски во самиот финиш на средбата, ОУ ,,Кузман Шапкарев“ ја забележа втората победа во сезоната, а со тоа ги зголеми  шансите за пласман во плеј-офот на годинашново првенство во мал фудбал, кој се игра во рамките на училишниот спорт.

Овојпат, совладана беше екипата на ОУ ,,Св.Климент Охридски“ со 1:0. Лесна победа, со резултат од 6:0 остварија домаќините ОУ ,,Круме Кепески“. Избраниците на тренерот Игор Зафировски  ја забележаа четвртата победа во сезоната. По два гола на средбата дадоа шутерот Антонио Ниневски, голгетерот Стефан Атанасовски и  брзиот Филип Василевски. Третата средба меѓу ОУ,,Партеније Зографски“ и ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ заврши  нерешено –  1:1. Поради обврски на државното првенство, одложена беше средбата меѓу ОУ ,,Рајко Жинзифов“ и ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“. Шестото коло на програмата е во четврток на 3-ти април, со почеток во 12.30 минути. Сите натпревари се играат во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“.        

Споделете:

Scroll to Top