Search
Close this search box.

​И вечерва Кисела Вода со целосно ангажирана механизација за безбедно одвивање на сообраќајот

И вечерва целосно е ангажирана механизацијата на територијата на Општина Кисела Вода, со цел навремено и ефикасно справување со зимските услови и одржување на безбедноста на сообраќајниците во овој дел на градот. Се спроведуваат активности за посипување со сол и ризла, како превентивна мерка против замрзнување на коловозите и за овозможување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е во целосна функција и континуирано ја следи состојбата на терен, при што ја координира работата на сите надлежни служби.

Посебно внимание е насочено кон повисоките населени места, како Припор и Теферич, каде поради конфигурацијата на теренот постои зголемен ризик од замрзнување на коловозите и задржување на снег.

Механизацијата и дежурните екипи се постојано присутни на терен и интервенираат согласно потребите, со јасна цел да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

Општина Кисела Вода останува посветена на грижата за своите жители и ќе продолжи да реагира одговорно и навремено во сите временски услови.

Се упатува апел до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните препораки.

За пријава на проблеми поврзани со зимските услови, граѓаните можат да се обратат на следните телефонски броеви:

 075/428-262 (Михаил)

 078/383-746 (Дарко)

Споделете:

Scroll to Top