Search
Close this search box.

Кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот” во градинките во Кисела Вода

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Секретарот на Општина Кисела Вода Марјанчо Тодоровски како и претставници од кабинетот на Градоначалникот на општината  денеска присуствуваа на настанот организиран од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во детската градинка „Кокиче“ во склоп на „Весели Цветови“ Кисела Вода.

 

На дечињата на интересен начин, прилагоден за нив им беше укажано за важноста на почитувањето на сообраќајните правила и учество во сообраќајот. 

Децата гледаа краток филм, возеа велосипеди, а по кусиот разговор што го имаа со полицаецот додека пак министерот Спасов на сите дечиња им подари светла за велосипед.

 Во рамки на големата владина кампања „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ продолжуваме со програмата која што го носи насловот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Заедно со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР, МТСП продолжуваме со низа на едукативни работилници кои што имаат за цел да ги научат децата на основните правила и прописи на сообраќајот преку најразлични предавања, практични обуки за користење на велоспед, анимирани филмови кои што се прилагодени на возраста на децата. Свој ангажман во кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ има и локалната самоуправа преку низа активности со цел за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот преку организирање на едукативни предавање, но и уредување на сообраќајната сигнализација на пешачките премини пред детските градинки, утврдување на најбезбедна патека за децата од дома до градинката, организирање  на јавни настани на локално ниво со цел подигање на јавната свест за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата и слично, потенцираше министерот Спасов.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  Никола Ангеловски истакна дека кампањите не застануваат тука и  во текот на цела година оваа кампања ќе биде проширена и надополнета со други активности .

 -Крајната цел на оваа кампања е помалку жртви во сообраќајот и помалку материјални штети и незгоди кои што настануваат секојдневно на патиштата, истакна Ангеловски.

 

 

Споделете:

Scroll to Top