Search
Close this search box.

Одржана конститутивна седница на локалниот младискиот совет на општина Кисела Вода

Денес, во просториите на општина Кисела Вода, се одржа конститутивната седница на локалниот младински совет од оваа општина. Советот се состои од 5 члена предложени од  невладини организации и здруженија на граѓани.

 На денешната работна средба, беше избрана раководната структура. За претседател беше изгласана Ана Ризовска.

Целта на локалниот младински совет е гласот на младите да добие институционален пат  до локалните власти, се со цел да бидат реализирани повеќе проекти кои се од голема важност за младите од општината. Локалниот младински совет веќе има изготвено нацрт акционен план за негово дејствување во наредните неколку месеци.

 

Споделете:

Scroll to Top