Search
Close this search box.

Партнерство за отворена локална власт (OGP) и Кисела Вода: Доставени граѓански идеи за општински проекти

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со тимот кој работи на иницијативата Партнерство за отворена локална власт (OGP)  и со секретарите од месните заедници, кои ги доставија пополнетите прашалници од граѓаните, собрани во рамки на последниот јавен повик кој траеше од февруари до април. Овие прашалници се значаен дел од процесот на креирање на локални политики и проекти согласно потребите на заедницата.

-Како прва општина од Македонија која стана дел од глобалната платформа Партнерство за отворена локална власт (OGP), Кисела Вода повторно покажува дека транспарентноста, вклученоста и одговорноста кон граѓаните се врвен приоритет. За прв пат имаме одобрен и добро оценет акциски план кој веќе е објавен на официјалната веб страница на ПОВ, а тој го утврдува темпото и активностите кои ќе ги спроведуваме за да ги исполниме поставените заложби.

Особено важен дел од тој процес се овие прашалници – тие се гласот на граѓаните, основа за поставување приоритети, за проектирање проекти кои директно одговараат на реалните потреби на нашата заедница. Токму затоа, сакам искрено да им се заблагодарам на сите што учествуваа во процесот, на тимот што работи на ПОВ (OGP), но и на секретарите од месните заедници кои беа значајна алка што го поврза граѓанинот со локалната власт. Овие податоци кои во изминатите два месеци се собираа, ќе ни помогнат да планираме поефикасно, да бидеме поблиску до реалните проблеми и да ги вметнеме идеите на жителите на Кисела Вода во нашите идни проекти-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top