Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, денес оствари работна средба со Кристен Шелтон, командир од Полицискиот президиум од Јужен Хесен, Германија.
На средбата на која присуствуваа и полициски службеници од П.С. Кисела Вода, како и претставници од СВР Скопје, главниот акцент беше ставен на превенцијата и сузбивањето на криминалот. На градоначалникот на општина Кисела Вода, од страна на командирот од Полицискиот президиум од Јужен Хасен и беа претставени трите различни модели на превенција и сузбивање на криминалот, интегрирани во тамошното законодавство.
Претставниците на полициските власти разменија мислења и искуства окулу организација на полицијата, овластувањата, правата и обврските на полициските службеници. Како заклучок од средбата беше истакнато дека успешната соработка на локалните и полициските власти претставува клуч за превенција, сузбивање и намалување на криминалот и истата и во иднина ќе продолжи.