Search
Close this search box.

Почнува со работа првата градинка во Усје-родителите да аплицираат!

Јавната детска градинка “Симба” започнува со работа! Општина Кисела Вода го отвора објектот за дечињата, пред се од Усје, Градинар и Стакларница, кои за првпат од постоењето на општината добија градинка во своја непосредна близина.

По добиеното Решение за отпочнување со работа, од страна на Министерството за труд и социјална политика, објектот “Симба” ќе профункционира од 01 март.

Дотогаш, ги поттикнуваме жителите кои имаат дечиња од деветмесечна до шестгодишна возраст да аплицираат за упис во новиот објект во управата на ЈДГ Весели Цветови, лоцирана на ул. “Локов” бр.11 (објект “Сончоглед”) или електронски, на веб страницата https://www.veselicvetovi.mk/. Исто така, Општина Кисела Вода упатува повик и родителите од овој дел на градот кои претходно биле приморани децата да ги запишат во другите градинки низ општината, далеку од нивната адреса. На горенаведениот контакт, тие можат да поднесат барање за префрлување на нивното дете.

“Симба” ќе функционира во состав на ЈДГ “Весели Цветови”. Се работи за првата целосно инклузивна градинка која се протега на 350 квадратни метри. Просторот располага со занимални, јасли, соба за изолација, простории за персоналот, два тоалета од кои еден е за деца со посебни потреби, а во подрумските простории има перална. Воедно, овој објект претставува и естетско решение за оваа населба, бидејќи на локацијата, претходно постоеше руиниран објект кој некогаш служел како училиште. Покрај ова, жителите на Усје децата до градинка ќе ги носат по целосно обновени улици. Проектот на Општина Кисела Вода за асфалтирање на сите улици во Усје деновиве завршува, по што градежните активности ќе продолжат во друга месна или урбана заедница, согласно концептот за рамномерен развој на сите населби во општината и инвестиции во проекти кои биле реална потреба и ,за жал, неостварена желба децении наназад.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top