Search
Close this search box.

Прв иницијален мониторинг извештај за реализација на акцискиот план на Општина Кисела Вода, во рамките на Локално Отворено Владино Партнерство (OGP)

Општина Кисела Вода е првата општина во Македонија која изработи Акциски план за Партнерство за отворена локална власт (ПОВ), како глобална иницијатива која поставува нови стандарди за транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. Акцискиот план, на кој работеше тимот од општината, е успешен и прифатен од ПОВ, со што е започната реализација на две заложби. Првата е унапредување на дигитализација во работењето на општината, а втората транспарентност и отворена локална самоуправа
Согласно критериумите и стандардите на ПОВ, независно Мониторинг Тело изврши независна проценка на ко-креирање на акцискиот план и првите реализирани активности на заложбите, насловена како Иницијална Проценка (Inception Assesment). Оваа проценка е завршена, прифатена од ПОВ и објавена на нивнaта веб страница, достапна на следниот линк:

https://www.opengovpartnership.org/documents/inception-report-action-plan-kisela-voda-north-macedonia-2025-2025

Споделете:

Scroll to Top