Проекти за заштита од топлотниот бран и превенција од пожари во општина Кисела Вода

Интензивирани се активностите на Општина Кисела Вода во рамки на проектите  ,,Топлотен бран – заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период” и  “Лето без пожари”, во кои партнери се Црвениот Крст на Општина Кисела Вода, локалната самоуправа, како и Одделението за превенција при СВР Скопје и полициските станици од општа надлежност.

Во текот на денешниот ден, во кој повторно живата во термометарот е блиску до 40-тиот степен, претседателот на Светот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, заедно со волонтерите на Црвениот Крст- Кисела Вода, службените лица од и Одделението за превенција при СВР Скопје и претставниците од месните заедници во општината, посетија дел од најфреквентните локации во општина Кисела Вода, повеќе паркови и пазари каде на граѓаните им беше делена вода, како и летоци и превентивни совети за ризиците од појава на пожари и штетите од истите.

Активностите во овие кампањи придонесуваат да се подигне свеста кај граѓаните за заштита и превенција од пожари, да се подигне довербата во институциите, но и да се обрне повеќе внимание на сопственото здравје и почитувањето на советите на лекарите.

Имено, од средината на јули, паралелно со делењето на летоци и вода за освежување, специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст патролира низ улиците во општина Кисела Вода, по потреба медицински интервенираат и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови.

Општина Кисела Вода уште еднаш апелира до сите свои жители да ги следат препораките и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето за кои докторите секојдневно информираат, како и да бидат многу внимателни во поглед на превенцијата од пожари, кои за жал се многу актуелни во овој период од годината.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betgaranti
kolaybet
grandpashabet
betpark
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet
grandpashabet
betpark giriş
imajbet
imajbet
betwild
betwild
vdcasino
vdcasino
imajbet
imajbet
betwild
betwild güncel giriş
kolaybet
betpark
betpark
betpark
betpas
betpas
betgaranti
betgaranti
betgaranti
kolaybet
kolaybet
kolaybet
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
imajbet
imajbet
matbet
matbet
hititbet
holiganbet
holiganbet 7712
sahabet
bettilt
betwild
betpark
pusulabet
jojobet
betpark
meritbet
meritbet
jojobet
betwild
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
safirbet
safirbet
imajbet
imajbet
safirbet
safirbet
restbet
restbet
casinoroyal
restbet
restbet
casinoroyal
xslot
xslot
casibom
casibom
bettilt
grandpashabet
grandpashabet