Search
Close this search box.

Пролетна акција за дератизација, дезинфекција и дезинсекција  во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со спроведување на редовната пролетна системска дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Акцијата се реализира во соработка со фирмата ТОКСИ-ВЕТ ДООЕЛ Скопје и е насочена кон ефикасно уништување на штетните глодари на сите јавни површини низ територијата на нашата општина.

Согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина, во наредните 30 дена активностите ќе ги опфатат шахтите во сите месни и урбани заедници. На овој начин се обезбедува сеопфатна заштита и се превенира појавата на заразни болести, што е од примарно значење за сигурноста на нашите сограѓани.

Ваквите системски акции ги организираме два пати годишно, во пролет и во есен, како дел од нашата заложба за одржување здрава животна средина. Апелираме до граѓаните за разбирање додека екипите работат на терен, со цел успешно и навремено завршување на овој важен процес.

Споделете:

Scroll to Top