Search
Close this search box.

Санација на Основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор

Општина Кисела Вода во соработка со амасадата на Сојузна Република Германија до завршувањето на летниот распуст ќе изврши санација на основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор.

Санацијата опфаќа замена на прозори, средства кои се обезбедени од буџетото на локалната самоуправа. Со донација од амасадата на Сојузна Република Германија ќе биде извршено молерисување на училниците и обновен дел од училишниот мебел.   

Подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во населеното место Припор е изградено во 1982 година, од неговот отварање до денес не се извршени никакви реконструкции.

Споделете:

Scroll to Top