Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, денес присуствуваше на 24-та регионална ревија на музика, песни и игри, која се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во организација на Здружението на пензионери на Кисела Вода.
На настанот учествуваа повеќе здруженија на пензионери, меѓу кои и здруженијата од Илинден, Гази Баба и Сарај, како и претставници на воените пензионери, кои преку богатата културно-уметничка програма придонесоа за прекрасна атмосфера исполнета со музика, песна и дружење.
Во своето обраќање, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да ги поддржува активностите кои го негуваат културното наследство и ја зајакнуваат меѓугенерациската поврзаност.
„Вашето искуство, посветеност и придонес се темел на нашата заедница. Токму затоа, како локална самоуправа, остануваме посветени на поддршка на настани кои создаваат можности за дружење, почит и негување на традицијата“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
На крајот од настанот, таа им посака успешни настапи на сите учесници и уште многу вакви средби исполнети со позитивна енергија и заедништво.








