Search
Close this search box.

Се реконструира ул.”Христо Узунов” во населба Црниче

Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за реконструкција на коловозот и тротоарите  на ул.”Христо Узунов” во населбата Црниче.

 

Градежните активности ќе опфатат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу улицитe “Востаничка” и “Партение Зографски”, каде се протега оваа улица, ќе се изврши и реконструкција на постоечките тротоари.

Истите ќе бидат поплочени со бехатон плочи. Се работи за една од најфреквентвите улици, која со својот централен дел ги поврзува населбите Црниче и Пржино.

Нејзината реконструкција е целосна инвестиција на општина Кисела Вода. Апелираме за трпение и разбирање од страна на жителите во наредните два месеци додека траат градежните зафати на фирмата изведувач.

Споделете:

Scroll to Top