Мултимедијален хепенинг на отворен простор се одвиваше денес во паркот Македонија.
Општина Кисела Вода, преку Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура, и годинава ја организира оваа манифестација која има цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците.
Како и секоја година, учество зедоа учениците од сите основни училишта од овој дел на Скопје, заедно со учениците од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “ и од ПОУ ,, Златан Сремец “. Тие, на слободна тема сликаа, твореа, се забавуваа и се дружеа. Дел од талентираните ученици настапија со музички и музичко-ритмички точки.
Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2018 година. Истиот годинава се одржа по седми пат.