Уште една соседска патрола се одвиваше синоќа во општина Кисела Вода.
Во текот на ноќта, се до раните утрински часови, тим составен од Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, советници од Советот, од претставници на Полициската станица од општа надлежност- Драчево, претставници од општинската администрација, од месните заедници, директори на основните училишта и градинки, како и родители извршија обиколка на повеќе локации низ населбата и селото Драчево-воспитно-образовни објекти, паркови, игралишта кои во ноќните часови честопати знаат да бидат збиралиште на потенцијално ризични социјални групи или малолетници кои консумираат алкохол и остануваат до раните утрински часови, спротивно на законот.
Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им беа објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
Целта на проектот “Соседска патрола” кој го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје и ПСОН Драчево, заедно со локалната самоуправа, има за цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, како и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир на ова подрачје. Родителите кои се дел од мешаните патроли, имаат можост да добијат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив во однос на укажаната доверба.
Во текот на изминатиот период , во општина Кисела Вода беа спроведени неколку вакви соседски патроли со Полициската станица од општа надлежност од Кисела Вода и од Драчево.