Search
Close this search box.

Фитнес центар на отворено, во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”, игралиште за деца во Дупки

Современ фитнес центар на отворено, од денеска  им стои на располагање на сите рекреативци од општина Кисела Вода.

Во непосредна близина на ОУ “Св. Климент Охридски” во селото Драчево, се поставени повеќе фитнес реквизити-вратила, разбои, клупи, справи наменети за обликување на различни делови од телото, кои ќе им овозможат на сите љубители на спортот, бесплатно да вежбаат и да го  развиваат спортскиот дух, да го подобрат својот здравствен статус и подобро да си го организираат слободното време.

Фирмата изведувач “29 Ноември” комплетно ги заврши градежните активности, за кои општина Кисела Вода од својот буџет издвои околу 230 000 денари.

Дека ова место претендира да стане вистински спортски локалитет достапен за секој вљубеник во спортот, говори и фактот што пред само две седмици, тука, во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”, беше пуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште, изградено од страна на Агенцијата за млади спорт, како дел од владиниот проект  ”Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“ и кое овозможува услови за тренирање кошарка, мал фудбал и ракомет. Претходно, општината инвестираше во обнова на покривот на  спортската сала на училиштето што говори за сериозна посветеност на оваа локална самоуправа да овозможи на секого вежбањето да му биде неизбежен дел од секојдневниот животен ритам.

 

Дечињата од селото Драчево, пак,  добија ново детско игралиште во месноста Дупки. Лулашки, клацкалка, вртелешка и лизгалка, на простор заграден од двете страни, постави фирмата “29 Ноември”,  за што општина Кисела Вода издвои од својот буџет 115 000 денари.

Споделете:

Scroll to Top