Search
Close this search box.

Четврта победа за кошаркарите од ОУ “Партеније Зографски”

,,Просветителите“  ја забележаа четвртата победа во сезоната.  Во премиерниот натпревар од пролетната сезона  во кошаркарската лига, избраниците на тренерот Мартин Мартиновски со резултат 50:33 славеа над своите врсници од  ОУ “Круме Кепески”. Инаку, натпреварот  во голем дел од средбата беше израмнет.

На крајот од третата третина , резултатот гласеше 30:28 во корист на “Партеније Зографски”. За победата на ОУ “Партеније Зографски” клучни беа  последните седум минути од средбата.  Прво, избраниците на тренерот Александар Милоевиќ успеаа да израмнат на 30:30. Веднаш потоа, најдобриот  и најефикасен играч на теренот Никола Георгиевски  со постигнати 8 последователни поени од кои две тројки, ја запечати судбината на Круме Кепески. Партеније Зографски со четвртата  победа во сезоната, само ја потврди амбицијата за  пласман во плеј-офот и  постигнување на висок резултат во  оваа натпреварувачка сезона.  Во останатите две средби  славеа фаворитите. “Невена Георгиева Дуња” со  со резултат 53:38 извојува победа над месниот ривал “Кирил Пејчиновиќ”, додека  “Кузман Јосифовски Питу”  беше подобар од ” Св. Климент Охридски” со  66:25. Средбата  меѓу драчевските училишта “Рајко Жинзифов” и и “Кузман Шапкарев” беше одложена поради  патрониот празник на ОУ “Кузман Шапкарев”.

Споделете:

Scroll to Top