Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, дечињата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го помина денот на Пеленица во друштво со децата со церебрална парализа, на традиционалниот излет посветен на дружба и поддршка. Со посветеност и емпатија, тој уште еднаш ја истакна важноста на грижата и вниманието кон лицата со попреченост, најавувајќи уште посилна заложба за унапредување на нивните права и услови за живот.

-На мое големо задoволство, денеска повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво.  Како човек и како градоначалник секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа.

Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество.

Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Во градот Скопје, уште посилно ќе се залагаме за нив.

Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици-истакна градоналаникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top