Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности за доградба на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Проектот, кој е во напредна фаза на реализација, има за цел да обезбеди услови за спроведување на едносменска настава во ова училиште.-Доградбата предвидува шест нови училници, по две на приземје, на првиот и на вториот кат, со вкупна површина од 390 квадратни метри. Градежните работи се во напредна фаза, а ова е уште една потврда за нашите заложби за системско унапредување на условите за сите ученици.

Дополнително, на овој начин, се овозможуваат и долгорочни заштеди во сметките за електрична енергија и другите ресурси, со што значително ќе се намалат трошоците на училиштето.Сметам дека ваквиот пристап треба да стане насока во планирањето и стандард за сите училишта на територија на Скопје.Вредноста на проектот изнесува 18.731.093 денари, средства што ги обезбедивме преку првиот повик од Владата за капитални инвестиции наменети за општините. Искрено сум благодарен за поддршката од Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски и сакам да информирам дека веќе е аплицирано и за доградба на ООУ “Невена Георгиева Дуња”, со што целосно ќе се овозможи едносменска настава во сите основни училишта во oпштина Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
