Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Потребно е ресетирање на системот и сериозни казни за одговорните!

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата ТОП ТЕМА на ТВ Телма, изјави дека на нашата држава и е потребен вистински ресет и дека во него треба сите заеднички да учествуваме.

-Во секој систем, вклучувајќи го и нашиот има пропусти. После ова трагична случка, која што не погоди сериозно сите во нашата држава е, дефакто, дека од тие пропусти сме доведени во ситуација да ни се случат вакви трагични настани. Тие пропусти, не се од вчера, не се од денес. Тие пропусти се повеќе од 30 и повеќе години. Можеби се недостатоци и недоволна внесеност во сите постапки и индивидуално залагање на поединецот кој што во даден момент бил на челна позиција на одредена институција, вклучувајќи тука и локална самоуправа и градоначалник, вклучувајќи и бивши премиери на државата, бивши министри за транспорт и врски, вклучувајќи инспекторати разно-разни и слично. Потребен е вистински ресет во државата и во тој ресет да учествуваат сите, истакна Ѓорѓиевски.

Во емисијата тој говореше за неопходноста од темелно реструктурирање на институциите и процедурите, што е сложен, но неизбежен процес и назначи дека, покрај мерките како што се одземање на лиценци, потребна е и материјална и кривична одговорност за секој што со свој потпис става одобрение на некој документ.

-Одговорноста не смее да биде само одземање на лиценца. Треба да има и кривична и материјална одговорност. Додека не креираме систем во кој што проблемот ќе има име и презиме, ние ќе се соочуваме и понатаму со вакви проблеми. Затоа треба да се доведе состојбата согласно закон да има одговорност за секого. Не може да е одговорен само градоначалник. Или само инспектор или само инвеститор. Треба секој што става потпис на документ да има одговорност и многу да се размислува. Секој да одговара за она што го потпишува и законски адекватно да се постапува. Да постојат реперкусии и системот да биде поригорозен-изјави Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top