Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување на Град Скопје.
Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход( средства обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки)
За учество во мерката за работно ангажирање, лицата треба да ги исполнуваат следните услови:
- Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа;
- Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет и
- Да се на возраст до 55 години.
При аплицирање за учество во активната мерка, заинтересираните невработени лица се должни да пополнат и потпишат Изјава за доброволно учество во работното ангажирање од оваа мерка како и прифаќање на обврските кои произлегуваат од учество во мерката, согласно утврденото во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, Договорот за учество во активната мерка и законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.
Изборот на кандидати за учество во активната мерка ќе го спроведе општината во соработка со ДЗС и Противпожарен сојуз на Македонија, по што со избраните кандидати ќе се склучи Договор за учество во активната мерка со кој подетално ќе се уредат правата и обврските за учество во активната мерка (помеѓу АВРСМ, општината, ДЗС и невработеното лице).
Избраните кандидати се должни да учествуваат на работилница- обука организирана од страна на Противпожарен сојуз на Македонија за користење на противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција од пожари, , по што на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе им биде издадена потврда за стекнати знаења од одржаната работилница-обука.
За времетраење на ангажирањето кандидатот е должен:
- да биде редовен и да ги извршува доделените работни задачи;
- во случај на спреченост за присуство, во рок од 24 часа да го извести организаторот на јавните работи за причината поради која отсуствува и да донесе документ за оправдување;
- да биде дисциплиниран и да го почитува пропишаниот ред и го чува имотот, средствата за работа и совесно да ракува со доверените материјали;
- во случај да направи штета кај изведувачот на работите за време на изведувањето на јавните работи, а поради несовесно однесување или крајно невнимание, должен е истата да ја надомести;
- редовно да се јавуваат за извршување на работниот ангажман
- по потреба да биде достапен за извршување на активностите на подрачје на друга општина, во координација на ЕЛС и ДЗС.
Работното ангажирање на невработени лица кои ќе бидат вклучени во мерката за извршување на јавни работи од карактер за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) ќе се реализира преку општината во соработка и координација со ДЗС (а по потреба и со МЖСПП) согласно потребата од активностите кои треба да се реализираат во рамки на меката, а во согласност со законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.
Правата и обврските на учесниците ќе бидат регулирани со Договорот за учество во активната мерка.
Потребни документи за аплицирање:
- Пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување);
- Потврда од матичен лекар за општа здравствена состојба и псохофизичка способност на лицето и дека истото не боледува од кардиоваскуларни, белодробни заболувања , епилепсија и дијабет и
- Изјава за согласност за учество во Центарот за вработување (се пополнува во Центарот за вработување).
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во мерката можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10.07.2025 година до 17.07.2025 година, од 08:00 до 15:00 часот.