Search
Close this search box.

Акција за косење на тревата во Кисела Вода

Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода. Денес, во организација на  Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, се косеше во урбаната заедница Кисела Вода, околу улиците “Димо Хаџи Димов” и “Марко Орешковиќ”.

 

 

Двата тима од сезонски работници кои со тримери ja косат нараснатата трева, утре ќе ги извршуваат своите активности во урбаната заедница 11 Октомври бараки, во близина на комплексот спортски игралишта.

Акцијата за косење на нараснатите тревни површини интензивно ќе продолжи и во наредниот период. Ќе се изведува низ сите останати урбани и месни заедници ширум општината, секаде каде што ќе има потреба. 

 

Споделете:

Scroll to Top