Search
Close this search box.

Асфалтирани “Гутенбергова”и “Волтерова” во Драчево

Завршија градежните активности за реконструкција на улиците “Гутенбергова”и “Волтерова” во населбата Драчево. Овие сообраќајници никогаш досега не биле санирани или реконструирани од страна на претходните раководства на Општина Кисела Вода иако се изградени после катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Вкупната должина на овие две улици изнесува 350 метри, односно се работи за асфалтирање на површина од околу 1400 квадратни метри. Во наредниот период на овие сообраќајници ќе им бидат реконструирани и тротоарите.
Градежните активности на локалната самоуправа со несмалена динамика продолжуваат и низ другите населени места низ општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top