Кошаркарите на ОУ “Невена Георгиева Дуња”, вторпат едноподруго ја освоија шампионската титула во училишниот спорт. Финалето на плеј-офот заврши со 70:31. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев доминираа во текот на целата средба, без да им дадат било каква шанса на финалистите од ОУ “Рајко Жинзифов” да ги изненадат.
Најзаслужен за триумфот на ,,Дуња“ и овојпат беше Валентино Каранфиловски, кој по организација на играта, добриот шут, како и по физичката конституција наликуваше на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – ,,Буштур“.
-Огравме одговорно на теренот зошто многу го посакувавме овој трофеј. Оваа генерација, која всушност на државното првенство, пред само еден месец го освои второто место, сосема заслужено триумфираше. Ние во оваа сезона практично бевме непобедливи – истакна младинскиот кошаркарски репрезентативец Валентино Каранфиловски.
Во борбата за третото место и ,,бронзениот“ медал, ОУ “Пaртенијa Зографски” славеше над ОУ “Кирил Пејчиновиќ” со 50:37.
Изборот Играч на сезоната, во конкуренција на Георгиевски (ОУ “П.Зографски”), Столиќ (ОУ “Р.Жинзифов”) и Михајловски (ОУ “Н.Г.Дуња”), му припадна на младинскиот репрезентативец Валентино Каранфиловски.
Конечни резултати:
Плеј-оф-полуфинале
ОУ “Н.Г.Дуња” – ОУ “К.Пејчиновик” 52:20, ОУ “П.Зографски” – ОУ “Р.Жинзифов” 44:48
Плеј оф –финале
ОУ “Н.Г.Дуња- ОУ “Р.Жинзифов” 70:31
-мало финале (натпревар за трето место)
ОУ “П.Зографски” – ОУ “К.Пејчиновиќ” 50:37
Табела.
- ОУ “Н.Г.Дуња”
- ОУ “Р.Жинзифов”
- ОУ “П.Зографски”
- ОУ “К.Пејчиновиќ”