Нови 50 ваучери за новородените деца од општина Кисела Вода, денес додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Со денешното доделување, бројот на семејства кои се стекнале со еднократна парична помош за своите новородени деца се искачи на 982.
– Ние како општина и во иднина ќе вложуваме напори да овозможиме најдобри можни услови за живеење на сите наши жители. Би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи да се реализира се до истекот на мојот мандат-нагласи градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Упатувајќи им честитка на новите родители, таа уште еднаш испрати порака до сите кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.
– Постапката е едноставна и се состои од исполнување на неколку барања, а тоа се: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето-ги исткна критериумите градоналникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.