Како да се препознае семејното насилство? Како да се превенира, да се спречи, пријави до надлежните институции? Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при советот на општина Кисела Вода, Јасна Саздовска и Светлана Колариќ, преку организирани информативни средби ќе го едуцираат населението во општина Кисела Вода, како дел од проектот кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со македонското женско лоби.
Во четврток (17.07.2014) со почеток во 19 часот во просториите на м.з. Драчево и во петок (18.07.2014), во 18 часот во Големата сала на општина Кисела Вода, заедно со сите заинтересирани жители на општината, членовите на комисијата за еднакви можности на мажите и жените и менторката Елена Грозданова, која е државен советник во Министерството за труд и социјална политика, ќе дискутираат за насилството врз жените и семејното насилство, за механизмите за негово сузбивање и можностите за помош на жртвите од насилството.