Search
Close this search box.

Градоначалникот на општина Кисела Вода изврши увид во градежните работи на улица “Живко Фирфов”

Изградбата на атмосферска канализација на улицата “Живко Фирфов” во населбата Драчево се одвива со одлична динамика. Тоа го констатира и градоначалникот на општина Кисела Вода, на денешниот увид во градежните активности на екипите на фирмата “Енергомонт” кои на оваа локација работат на поставување на полипропиленски цевки со различен профил.

По должината на “Живко Фирфов”, па се до улицата “Јустинијан први”, досега се изведени околу 480 од предвидените 800метри и се поставени 20 од, со проектот предвидените, 31 шахта.

 

Проектот кој е ревидиран од страна на ЈП “Водовод и канализација” треба да го реши проблемот со отпадните води од пределот на Китка кои поради местоположбата и поставеноста на населбата Драчево многу често ги поплавуваа улиците во овој дел од населбата. Градоначалникот поразговара со дел од жителите кои го изразија своето задоволство од активностите на терен и потенцираа дека се работи за реализација на нивно барање кое во голема мера ќе им ги реши проблемите со кои се соочуваат при обилни врнежи. Таа пак, им се заблагодари за трпението и разирањето додека траат градежните активности, потенцирајќи дека сепак, се работи за проект кој е од голема важност и за нив и за целата општина.

Изградбата на атмосферска канализација на улицата “Живко Фирфов” беше ветена и на состаноците во  месната заедница во населбата Драчево. Воедно, овој проект е дел од програмата на општина Кисела Вода и буџетот кој е изгласан за 2016 година.

 

 

Споделете:

Scroll to Top