Search
Close this search box.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со унгарскиот Амбасадор Андраш Клајн

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот унгарски амбасадор Н.Е. Андраш Клајн.

На средбата, тој му ја претстави личната карта на општина Кисела Вода и се задржа на приоритетните проекти кои следуваат предвидени во неговата програма. Проговорија за досегашната одлична соработка со унгарската држава преку Амбасадата во Република Македонија.

Имено, Општина Кисела Вода секоја година е дел од чествувањето на Националниот ден на унгарскиот народ и го одбележува со пригодна свеченост пред спомен плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево. Петефи е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Ѓорѓиевски проговори со амбасадорот и за одличната соработка со Здружението на унгарците во Македонија Теледом, чиј Претседател Јожеф Шутуш беше присутен на денешната средба.

Заеднички се дефинираа повеќе области во кои е можно продлабочување на соработката и остварување на уште поблиски релации помеѓу Општина Кисела Вода и Република Унгарија.

Споделете:

Scroll to Top