Search
Close this search box.

Дел од Кисела Вода утре без вода

Општина Кисела Вода ги  известува своите жители дека во текот на утрешниот ден неколку месни и урбани заедници од овој дел на градот ќе останат без водоснабдување.

 

Имено, согласно добиената информација од страна на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, а по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, утре ќе се изведува технички зафат за поправка на затворачи  на водоводна мрежа во општина Аеродром, па без вода ќе останат корисниците од Припор, Усје, Пинтија и Драчево, како и од селото Драчево. Интервенцијата, а со тоа и прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

Споделете:

Scroll to Top