Успешно реализиран проектот “Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ произлезен од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година.
Девет невработени лица, дефектолози, логопеди и негуватели, кои беа работно ангажирани од страна на општина Кисела Вода, согласно објавениот јавен оглас за нивно вклучување во програмата за општинско корисна работа, денес добија потврди за својот успешен ангажман. Се работеше за невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година кои, преку Секторот за локален економски развој на општината, добија работен ангажман во јавните детски градинки и основните училишта на територија на општина Кисела Вода, за период од шест месеци за што добиваа паричен надомест.
Покрај стекнувањето на практични искуства, врз основа на што, се здобија вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на труд, бенефит од овој проект имаат и крајните корисници –децата во градинките и училиштата, посебно оние со посебни образовни потреби. Ним им беше посветено повеќе време во совладување на наставните содржини, што резултираше со подобрени резултати, подобрување во изговорот на одредени гласови кај ученици со пречки во говорот и подобрување на воспитно-образовниот процес, социјализација и комуникација.