Search
Close this search box.

Доделени нови ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода

Во последниот ден од месец февруари, нови 43 родители од општина Кисела Вода добија ваучери со еднократна парична помош. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Претседателот на Советот Трајче Донев им ги врачија, заедно со подарок-чевлички, за успешни први чекори во животот.

 

 

-Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, имаме доделено 894 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да ви ветиме вам, како нивни родители, дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика.

Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 43те новороденчиња, од кои 19 се машки, а 24женски,  ќе Ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање пред родителите.

Уште еднаш, таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош до оштинската администрација, бидејќи, како што наведе, овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат.

Споделете:

Scroll to Top