За добивање субвенции, за „енергетски ефикасни домови“, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации.
Општина Кисела Вода овој голем проект го реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Со реализацијата на проектот жителите на Кисела Вода ќе добијат потопли домови и ќе заштедат финансиски средства. За успешно реализирање на истиот Општина Кисела Вода одвои околу 7 милиони денари.
Заинтересираните за добивање субвенции, апликации може да поднесуваат во архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот, до 30.09.2019 година.
Заедниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување повеќе информации можат да добијат на веб страната на Општината, на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/2432-2019-07-04-10-28-37 .