По потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу двете јавни детски градинки на територија на општина Кисела Вода и ПОУ Др. „Златан Сремец“, а на иницијатива на раководителот на одделението за предучилишно воспитување при општина Кисела Вода, Ирина Момироска, се организираа низа заеднички настани.
Денес, по повод Новогодишните и Божиќните празници, во просториите на ПОУ Др. „Златан Сремец“, се одржа приредба на која свое учество земаа децата од двете јавни детски градинки на територија на општина Кисела Вода и децата од училиштето за деца со пречки во развојот. Оваа приредба воедно имаше и хуманитарен карактер, бидејќи на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња, донација која ја обезбеди раководителот на одделението за предучилишно воспитување при општина Кисела Вода, Ирина Момироска. Директорката на ПОУ Др. Златан Сремец им додели благодарници на организаторите на овој настан.