Search
Close this search box.

Започнува акцијата за собирање и одлагање на кабастиот отпад во општина Кисела Вода

Денес, петок (07.11.2014), започнува тридневната акција за одлагање на кабаст, волуменозен отпад на територија на општина Кисела Вода, којашто ќе трае до недела (09.11.2014).

 

 

Општина Кисела Вода, преку Секторот  за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, ги известува граѓаните кои живеат во овој дел од градот дека доколку имаат ваков отпад, денес можат уредно да го депонираат на следните локации:

 

– Месна заедница село Драчево (парк) кон.тел. 071/391-237

– Урбана заедница Расадник (ул.Народни Херои, до контејнерите пред СП Маркет) кон.тел. 070/294-434

– Месна заедница Припор (ул.Христо Татарчев крак 14) кон.тел. 071/262-883

– Урбана заедница Кисела Вода (ул.Ѓорѓи Димитров бр.52, Дом за слепи лица) кон.тел. 071/391-177

– Урбана заедница Бирарија (ул.Томе Арсовски бр.30) кон.тел. 072/313-319

– Месна заедница Пинтија (ул.Саса, Парк Детски сон) кон.тел. 071/391-214

– Урбана заедница Цветан Димов (ул.Емил Зола, кај постоечките контејнери) кон.тел.072/314-953

– Урбана заедница Цветан Димов (меѓу ул.Невена Георгиева Дуња бр.15 и ул.Драга Стојановска бр.8-а) кон.тел.072/314-953

 

Акцијата се спроведува согласно постигнатиот договор со ЈП “Комунална Хигиена” на минатонеделниот состанок во општина Кисела Вода, на која, освен градоначалниците на општина Кисела Вода и на град Скопје, Билјана Беличанец-Алексиќ и Коце Трајановски, присуствуваа и директорите на Јавните Претпријатија, меѓу кои и директорот на ЈП Комунална Хигиена Ракип Дочи.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top