Search
Close this search box.

Започнува реконструкција на ул. “Драчевска”

По неколку децении се реконструира коловозот на влезот во Драчево. Започнува првата фаза од реконструкцијата на една од главните артерии во Драчево, улицата ,,Јустинијан |”, или кај населението позната како ,,Драчевска”. 

 

Во оваа прва фаза од градежните активности ќе бидат опфатени 500m од мостот на Маркова Река до влезот на Драчево.

Со ова, завршува долгогодишната голгота на сите учесници во сообраќајот кои секојдневно се соочуваа со нерамнините и дупките на оваа улица и значително ќе се унапредат условите во кои ќе се одвива истиот.

Градежната офанзива со која Кисела Вода ќе добие едно ново руво, рамномерно ќе ги опфати сите урбани и месни заедници.

Споделете:

Scroll to Top