Во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, граѓаните имаат можност преку онлајн платформа да пријават локален проблем поврзан со животната средина.
Проектот го спроведува Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, во партнерство со Здружението Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Преку линијата за пријавување, граѓаните можат да го посочат проблемот со кој се соочуваат во својата локална заедница и да придонесат кон негово навремено препознавање и адресирање.
Пријавете локален проблем: https://zzz.org.mk/contact/



