Search
Close this search box.

Известување од Општина Кисела Вода во врска со дозволи за движење во време на полицискиот час

Во насока на подобро функционирање и спроведување на Владините мерки за справување со ширењето на вирусот КОВИД -19, Општина Кисела Вода потсетува на лицата кои се исклучени од забраната за движење која започна од вчера од 16 часот, и ќе заврши во понеделник наутро во 5 часот.

Имено, дозвола за движење викендов имаат доставувачите на прехранбени продукти и лекови кои добија дозволи, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа. Списокот на овие деловни субјекти е достапен на следниот линк https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2672-01.

Во поглед на земјоделците од општина Кисела Вода кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), постојат посебни правила дефинирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Имено, сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски треба да го известат Општинскиот кризен штаб на Општина Кисела Вода каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност, на телефонот 072/314-976 или на електронската адреса contact@kiselavoda.gov.mk. Потребата за движење, неевидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да остават име и презиме, контакт телефон, адреса на живеење и адреса каде ќе ја зaвршуваат дејностa, како и точно време кога ќе излезат од дома и кога планираат да завршат со извршување на земјоделските активности. Напоменуваме дека Општинскиот кризен штаб нема да издава дозволи за движење, туку само ќе ги евидентира земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР).

На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

За сите други дозволи кои не се опфатени со погоре кажаното, надлежност има Министерството за информатичко општество и администрација.

Општина Кисела Вода апелира за доследно почитување на мерките за забрана на движење, бидејќи социјалната дистанца е неопходна за намалување на ширењето на корона вирусот и е значајна алка во концептот за негово целосно сузбивање.

Споделете:

Scroll to Top