Претстојниве три дена, сениорките и младинките на најтрофејниот клуб Бадел 1862 од општина Кисела Вода ќе одиграат три натпревари.
Првиот натпревар на гостински терен, на 24.10.2026 година, ќе го играат младинките на Бадел 1862 до 14 години против Гевгелија.
Во рамки на Шпаркасе прва лига жени, сениорската кошаркарска екипа на Бадел 1862, во недела, на 25.10.2026, ќе игра на гости против екипата на Крива Паланка.
На 26.10.2026, во спортската сала Независна Македонија, младинките на Бадел 1862 до 18 години, ќе ги измерат силите со екипата на Пробаскет.
„Наредниов викенд ни претстојат три натпревари, од кои секако е најзначаен натпреварот со ЖКК Крива Паланка на гости, во сениорска конкуренција, минатогодишниот шампион на Македонија.
Не очекува тежок и неизвесен натпревар, пред полни трибини и гласна публика.
Добро се подготвувавме за овој натпревар, девојките и стручниот штаб ќе дадат се од себе да се справат со сите предизвици и да извојуваат победа.
Нашите амбиции се освојување на титулата, во годината кога го славиме големиот јубилеј, 50 години од постоењето на клубот“ – изјави Љупчо Павловски,
тим менаџер и претседател на Бадел 1862





