Дефектолозите и психолозите од училиштата ООУ Рајко Жинзифов, ООУ Круме Кепески, ООУ Кирил Пејчиновиќ, ООУ Св. Климент Охридски, ООУ Кузман Шапкарев и ООУ Партеније Зографски во општина Кисела вода, заедно со претставници на невладините организации Крик и Леад, советници на општина Кисела Вода и лица со попреченост беа дел од тркалезната маса насловена „Инклузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“.
Тие имаа можност да ги споделат предизвици и да покренат дискусија за она со што се соочуваат при образовниот процес на лицата со попреченост, секој од својот аспект на делување.
Центарот за младински активизам Крик вечера на 21.02.2023 година во просториите на Големата сала во Општина Кисела Вода организираше јавна тркалезна маса на која учествуваа 21 учесник. На тркалезната маса се разговараше за сензорните соби и пристапноста на училиштата за децата со попреченост, но поголем фокус беше ставен на подготовката на наставниот кадар и и нивните предизвици во секојдневната работа со децата со попреченост.