Search
Close this search box.

Конкурс и стратегија за развој на културата во Кисела Вода

Денес во домот на култура “Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода одржа информативна сесија на која пред пред стручната јавност и културните работници го претстави предлог-документот „Стратегија за развој на културата 2023+“, како и новиот конкурс за култура.

 

На предлог-документот изминатиот период работеше стручен тим од општината, предводен од соработникот за култура на градоначалникот, вон. проф. Лазе Трипков.

Притоа, следејќи го новиот правец по кој се движи оваа локална самоуправа, кој ја позиционира како транспарентна, како креативна и стимулативна почва за развој на уметничката мисла и имплементација на современите процеси, во овој предлог-документ беа вклучени и идеи и забелешки од уметниците и културните работници кои одговорија на јавниот повик на општината.

-Под слоганот “Кисела Вода создава креативна општина” во изминатиот период се работеше на анализа и дефинирање на стратешките приоритети и цели, се детектираа реалните потреби на културните работници, уметниците и на публиката, како и потребните чекори за нивно остварување. Притоа, локалните културни дејци беа вклучени во процесот, преку своите идеи и сугестии кои пристигнаа на јавниот повик што го објавивме. Дури и овој документ не е конечен, бидејќи сакавме во целост, преку ваква информативна сесија да го слушнеме нивното мислење и да креираме стратегија која вистински ќе го поттикне креативното творештво  и ќе ја зајакне локалната културна положба на општината. Воедно, на денешната информативна сесија, го претставивме и претстојниот конкурс за финансиска поддршка на културните уметници, за кој извршивме категоризација на уметници, културни работници и здруженија кои работат во сферата на културата. Сакам да нагласам дека за првпат, Општина Кисела Вода има предвидено буџет од 1.6 милиони денари кои ќе бидат наменети исклучиво за поддршка на локалните културни дејци и дејности. Како и се’ досега, процесот ќе биде целосно транспарентен со квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства-изјави соработникот за култура на градоначалникот, вон.проф. Лазе Трипков.

Со оглед на тоа што поврзаноста на културата и образованието овозможува раст на човечкиот капитал и на социјалниот развој, во предлог-стратегијата се предвидени и активности за развој на културното образование, оформени во програмата “Создаваме преку образование”. Нив пред присутните ги претстави советникот за образование на градоначалникот, Сашо Јованоски. По ова следеше дискусија на која стручната јавност и  културните работници ги дадоа своите видувања и идеи за достигнување на стандардите на општината на европско ниво, со систем во развој кој овозможува поддршка на културата и придонесува за промоција на спонтано граѓанско-културни иницијативи.

Споделете:

Scroll to Top