Search
Close this search box.

Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Денес во ораганизација на општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина се одржа крводарителска акција.

 

Во периодот од 11 до 15 часот, во големата сала општината, поголем број на хумани луѓе даруваа крв и со тоа им помогнаа на оние на кои им е потребна.

Крв даруваа претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината и жители на Кисела Вода кои сметаа дека со своето дарување на крв ќе спасат нечиј живот.

Акцијата која што традиционално секоја година се одржува во општина Кисела Вода беше под мотото “Вашата крв спасува живот”.

 

Споделете:

Scroll to Top