Search
Close this search box.

Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес беа дел од  акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.

Најмладиот дарител на денешната акција која се одржа под мотото “Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 20 година, а највозрасниот 65. Меѓу дарителите имаше и такви  кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top