Општина Кисела Вода денес беше домаќин на Меѓународниот литературен фестивал,,Книжевен круг” во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност-,,ИНАКУ” на кој присуствуваа познати македонски писатели за деца и возрасни, и учениците од основните училишта во Општината.
На омилениот писател за деца Горјан Петрески му беше врачена наградата,,Големиот принц”, а учениците кои учествуваа со свои лични творби беа наградени со дипломи и книга од македонски автор.
За Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше доделена плакета за најуспешен градоначалник кој ги поддржува и ќе продолжи да го слави творештвото и пишуваниот и усно изговорениот литературен збор. Од денешната работилница посебно се издвоија пораките што учениците ги упатија преку своите творби,, Македонија е мојот дом- Говорете, пишувајте и читајте на македонски јазик “.