Search
Close this search box.

Нова легализација на дивоградби во општина Кисела Вода

Нови 40 решенија за легализација денеска беа доделени во големата сала на општина Кисела Вода на жителите на оваа територија, кои ја доставија потребната документација до општинската администрација. Со ова, бројот на вкупно решени предмети се искачи на 2877.

Подобрувањето на динамиката на легализација на дивоградбите се должи на повеќето технички мерки кои ги воведовме, но сепак, одговорноста ја носат и лицата кои нелегално ги поседуваат објектите и кои треба да ги запазат законски предвидените рокови за доставување на документите-истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.  

-Заклучно со денешниот ден , бројот на лицата кои немаат доставено геодетски елаборат изнесува 3877. Се надеваме  дека тие граќани нема да го чекаат крајниот рок , кој согласно последните владини измени е пролонгиран до 31.12.2015, истакна Беличанец-Алексиќ.

Додаде дека легализацијата на дивоградбите е во заеднички интерес. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е и крајна цел на овој процес.

 

Споделете:

Scroll to Top