Во Клубот на пратеници се одржа свечен настан по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик, во организација и покана на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите Ерџан Демир.
На настанот присуствуваа домашни и меѓународни претставници, меѓу кои и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како и други градоначалници од повеќе општини, заменик-министерот Неждет Мустафа, претставници од дипломатскиот кор, амбасади, европски институции, народниот правобранител, како и бројни политички партии, невладини организации, лингвисти и истакнати културни дејци.
На настанот се обрати министерот Ерџан Демир. По него, обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Панел-дискусијата што следеше беше составена од м-р Даниел Петровски, м-р Доан Сулејмановски и новинарка, поетеса, активистка и авторка Севдија Абдулоба.
Во рамките на настанот се истакна важноста од зачувување и промоција на ромскиот јазик и култура.
-Денешниот ден е важен потсетник за значењето на ромскиот јазик и култура како суштински дел од нашето заедничко живеење. Како институција, Општина Кисела Вода континуирано поддржува проекти и иницијативи што водат кон рамноправно општество и нудат еднакви можности за секој поединец. Нашата цел е преку конкретни чекори активно да ги негуваме мултикултурните вредности и да обезбедиме подобра интеграција на сите граѓани на локално ниво. Во тоа име, ви го честитам Меѓународниот ден на ромскиот јазик- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.











