Search
Close this search box.

Одбележан празникот на жената во ЈДГ 8 Март

По повод празникот на жената 8 Март и одбележувањето на 36 годишниот јубилеј на ЈДГ „8 Март“, од општина Кисела Вода, во објектите на истата, со помош на децата и родителите се одржаа креативни работилници, наречени „Подарок за мојата мама“. На работилниците дечињата заедно со своите родители изработија бројни подароци и честитки за своите мајки.

Еден дел од дечињата од градинката, од објектот Пеперутка 2, со своето гостување на детската емисија „Голем одмор“ на МТВ, преку драмски текстови, музички игри и креативни трудови ја презентираа работата на својата градинка.

 

ЈДГ „8 Март“ патрониот празник и оваа година ќе го одбележи со бројни приредби.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top