ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ традиционално го прослави Европскиот ден на јазиците, славејќи ја различноста што нè збогатува и јазиците што нè поврзуваат. Родители, ученици, наставници и гости заедно уживаа во богата програма исполнета со песни на неколку европски јазици, дегустација на традиционална храна од различни култури и запознавање со европските обичаи и традиции. Преку овој настанот, училиштето уште еднаш ја потврди посветеноста кон градење генерации кои негуваат меѓусебна толеранција, отвореност и културна блискост.Општина Кисела Вода продолжува да дава силна поддршка на образовните институции и младите, поттикнувајќи активности кои ги унапредуваат мултикултурните вредности.





