По повод Денот на пензионерите, Општина Кисела Вода организираше топла и инспиративна средба со пензионерите од општината, одавајќи им признание за нивното животно искуство и придонес за општеството.
Настанот, кој се одржа во организација на Здружението на пензионери од Кисела Вода, помина во знак на радост, меѓусебна поддршка и искрени разговори. Посебно изненадување за присутните беше настапот на познатиот изведувач Влатко Миладиновски, чија музика ја збогати атмосферата и донесе дополнително расположение.
Пензионерите од Кисела Вода се луѓе од кои сите можеме многу да научиме, а нивното животно искуство е наша огромна вредност. Нивните совети, предлози и идеи се важен дел од нашата работа и многу од нив веќе се преточени во конкретни мерки. Општина Кисела Вода останува блиску до своите граѓани, а овие средби се доказ за нашата грижа и посветеност. Ви благодарам за довербата и поддршката – да сте ни живи, здрави и уште долго да се дружиме!“
-Пензионерите од Кисела Вода се луѓе од кои сите можеме многу да научиме, а нивното животно искуство е наша огромна вредност. Нивните совети, предлози и идеи се важен дел од нашата работа и многу од нив веќе се преточени во конкретни мерки. Општина Кисела Вода останува блиску до своите граѓани, а овие средби се доказ за нашата грижа и посветеност.- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.



























